Press "Enter" to skip to content

Ласерска корекција на диоптрија – најпопуларна метода за отстранување на диоптријата во 2021 година

Систина Офтaлмолoгијa веќе стана регионален центар за ласерска корекција на диоптрија која како дел од групацијата Свјетлост има направено повеќе од 100.000 успешни интервенции. Систина Офталмологија е единствена очна болница која има 4 дијагностички центри во Битола, Тетово, Гостивар и Штип.

Ласерска корекција на диоптрија е една од најмодерните интервенции на денешницата за ласерско ремоделирање на рожницата (предната проѕирна површина на окото) за отстранување или намалување на диоптријата/цилиндерот. Со ласерската корекција на диоптрија се корегира/отстранува ‒10 до +6 и ±6 астигматизам (цилиндер). Во одредени случаи може да се отстрани и повисока диоптрија. Кај сите оние пациентите кои што не се кандидати за ласерска корекција на диоптрија, нашите доктори заедно со нив наоѓаат најсоодветно решение според нивните потреби и здравствена состојба.

Прегледот за ласерска корекција на диоптрија е првиот чекор кој треба да го направи секој оној кој сака да се ослободи од очните помагала. Тој е еден вид систематски преглед на окото бидејќи се анализира секој дел од окото и воедно е и гаранција за успешноста на интервенцијата. Прегледот трае час и половина а се состои од проверка на диоптрија, видна острина и очен притисок, снимање со пентакам, ширење на зеници со капки за проверка на очно дно и објективна диоптрија. Систина Офталмологија ја има најсовремената дијагностичка и оперативна апратура за изведување на прегледот и самата интервенција. Пентакамот претставува 3Д анализа на окото со кој може да се воочат и одредени аномалии на окото за кои сеуште нема симптоми. Тој се смета за златен стандард во рефрактивната хирургија.

Ласерската корекција на диоптрија е брза и безболна интервенција која трае само 5 минути од око. Ласерот со кој се изведува оваа интервенција во Систина Oфтaлмологија се смета за еден од најбезбедните ласери. Тој има и вграден систем за следење на окото на пациентот во текот на операцијата (tracker) кој овозможува врвна прецизност во изведувањето на интервенцијата и заштита на окото. Оваа интервенција во Систина Офталмологија се смета за рутинска процеудура која се спроведува согласно сите протоколи и стандарди на светската офталмологија. Искусниот хирушки тим и врвната  апаратура,  како и за сите други интервенции, се гаранција за успех и големиот број на позитивни искуства во болницата.

Прегледот за ласерска корекција се прави во дијагностичкиот центар во Битола од страна на доктор Александра Гочева Јерчиќ, а интервенциите се вршат во болницата во Скопје. По интервенцијата целосното следење на пациентот се прави повторно во дијагностичкиот центар каде што ја имаат целосната историја на пациентот а пациентот за цело време има достапна медицинска нега близу до својот дом.

Ова се дел од позитивните искуства на Битолчани кои направиле ласерска корекција на диоптрија.

https://sistinaoftalmologija.mk/sega-mozham-da-gi-raspoznaam-moite-stranki-vo-sud-kiril-davkov/

https://sistinaoftalmologija.mk/od-golema-dioptrija-do-jasno-gledanje-slavcho-stojanoski/

https://sistinaoftalmologija.mk/iskustvo-angelka-laserska-korekcija-bitola/