Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: инцидент во основното обвинителство, физички нападната жена од сопругот и таткото

На 13.01.2022 во СВР – Битола вработена како Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство – Битола пријавила дека околу 14.00 часот, додека била на работното место, по претходно недоразбирање околу записник за дадено сведоштво, лицето која ја нападнала  почнала агресивно да се однесува и во обид да го одземе предметот, го искинала и ја повредила. Лицето од страна на полициски службеници од Основен суд е отстранета од просториите на обвинителството. Се работи на расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.01.2022 во СВР Битола 50-годишна жена од Битола пријави дека била физички нападната од страна на нејзиниот сопруг и нејзиниот татко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.