Press "Enter" to skip to content

Ќе се решава проблемот со кучињата скитници во Битола

Градоначалникот на Општина Битола – Тони Коњановски, претседателката на Советот – Габриела Илиевска и директорката на ЈП “Комуналец“ – Гордана Наумовска, денес одржаа работна средба со претставници на здруженија за заштита на животните, ветеринари од Битола, како и претставник од Агенцијата за храна и ветеринарство. Целта на средбата беше да се согледаат мислењата и предлозите за изнаоѓање решение на проблемот со бездомните животни во Битола.За да се реши проблемот најпрво треба да се започне со примена на стратегија за масовна стерилизација, како и да се воведе одговорно сопствеништво на миленици и контролирана трговија со истите, спроведување на кампања за заштита на животни, ограничување и контрола на слободната продажба на високотоксични материи, кои се злоупотребуваат за труење на животни, поголем инспекциски надзор низ градот во откривањето на мачење на животно. Присутните беа информирани дека, во буџетот на Општина Битола за 2022 година предвидени се средства за подготовка на проектна документација за решавање на проблемот со бездомните животни, а како заеднички заклучок на средбата, беше констатирано дека во претстојниот период работните средби ќе се интензивираат, а јавноста навремено ќе биде информирана за следните активности.