Денес во новата куглана во Битола, во салата “Боро Чурлевски“ се одигра првенствен кугларски натпревар помеѓу домашната екипа Пелистер и гостите ГТЦ Мусандра.
Битолчани победија, но кугларот на Пелистер од Битола, Пеце Димовски, кој е сениорски репрезентативец на Македонија, покрај што одигра одлично и даде продонес во победата на тимот, тој постави нов битолски кугларски рекорд.
Пеце Димовски собори 600 дрвца (кегли) и сега го има најдобриот личен кугларски резултат и рекотд на соборени дрвца до сега на битолчанец, постигнат во кугланата во Битола.
Овој резултат е причина повеќе Димовски да кугла и да го подобри, но секако е резултат кој помладите ќе го “бркаат“ и ќе сакаат да го подобрат.
Во продолжение краткото видео од завршницата на куглањето на Пеце Димовски.