Press "Enter" to skip to content

Последни активности од проектот на библиотеката “Sasas Jekhvar Jekh – Once upon a time…“

Активностите во врска со проектот „Sasas Jekhvar Jekh – Once upon a time…“ дојдоа до својот крај. Последните активности вклучуваа рангирање на дополнителни бајки од Романија, изработка на брошурата и концептот за последователниот проект преку кој собраните бајки ќе се објават во Европска ромска книга на бајки.Стратешкото партнерство „Sasas Jekhvar Jekh – Once upon a time…“ започна во септември 202о година и траеше 16 месеци до декември 2021. Во него учествуваа партнерски организации од Германија, Унгарија, Бугарија, Грција, Романија, Турција, Србија и Северна Македонија. Проектот го финансираше Европската комисија преку Еразмус + програмата, а го координираше германската организација Југендстил.

Координатор на проектот е м-р Фатма Бајрам Аземовска, соработник м-р Јелена Петровска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »