Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: при претрес пронајдена марихуана и пари, приведен 24 годишник од Битола

На 17.01.2022 од страна на полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода  24 годишник од Битола, бидејќи при претрес во неговиот дом во Битола, по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од марихуана и повеќе банкноти во различни валути и апоени.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик, за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

More from ВестиMore posts in Вести »