Press "Enter" to skip to content

Фото вест: во црквата “Св. Димитрија“ се е подготвено за утрешното “фаќање“ на крстот

Минатата година поради поради рестриктивните ковид мерки во соборната црква “Св. Димитрија“ во Битола не беше извршено “фрлање“ на Светиот крст во осветените води во базенот во форма на крст во дворот на црквата, на верскиот празник Богојавление – Водици.

За разлика од лани годинава во Битола, во црквата “Св. Димитрија“ ќе се одржи централната прослава за Водици, а во дворот на црквата се е подготвено за оваа прослава. Поставена е бината од каде Владиката Петар ќе го положи во осветената вода, а наполнет со вода е базенот во дворот. Претходно во црквта ќе биде одржана Божествена литургија, со која ќе чиночалствува Владиката Петар.

Минатата година прослава, положување и “фаќање“ на Светиот крст се одржа само во црквата “Св. Недела“ во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »