Press "Enter" to skip to content

Магична зимска вечер со Владимир Четкар во ресторанот на хотел “Епинал“ (фотогалерија)

-Ова е магична вечер, снегот во зимската вечерна ноќ, убави луѓе, добро вино и храна! Со овие зборови ги поздрави возбудено, познатиот музичар, Владимир Четкар, неколку пати присутните во рестотанот на хотел “Епинал“, кои заедно со него уживаа во музиката и запеаја со него.

И навистина беше така, магична зимска вечер, сите уживаа во звуците на неговата гитара, придружен со на препознатливите звуци од  невоите музичари.Една поинаква вечер во преубавиот амбиент на ресторанот “Епинал“,  тимот како вели Александар Димитријевски, продолжува, а веќе идниот петок за битолчани во преубавиот амбиент, кои покрај секогаш одличната храна и услига ќе имаат и ново музичко изненадување.А вечерва битолчани во “Епинал“ ќе уживаат во музиката на “Teatro bend“.