Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за примена на ехото на белите дробови во дијагностицирање на белодробни заболувања, за што вели:
-Со рентгенграфија на бели дробови можи да се дијагностицираат пнеумонија, тумори,Предноста е кратко траење на преглед со помош на ултрасонографија на бели дробови или ехо кое се прави во нашата ординација се утврдуваат и најмали плеврална изливи ефузии кои неможи да се видат на рентген, се одредува дали е трансудат некомплицирани плеврален излив или ексудат со присуство на фибризни хиперехогени нишки, се одредува присуство на консолидација хипоехогени зони кои сугерираат за пнеумонии со Б линии и присуство на воздух во плевралниот простор помеѓу париеталната и висцерална плевра или пневмоторакс како и наод на колабира бел дроб или ателектази.
Компјутерската томографија е највисокорезолуциона техника при што особено е значајна во дијагностицирањето на различни дифузни белодробни болести и белодробна емболија но негативност е неможи да се направи во одделенија за интензивна нега, што има експозиција на радијација и е скапа метода за разлика од ехото кое е без радијација, поефтино корисно во поставување на дијагнозата и во следење на лекувањето дури и во одделенија за интензивна нега.
ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“, а во ординацијата има и апарати за испитувања и на други органи како уво, око, грло, нос.
Телефон за закажување и други информации: 075/32 64 18.