Press "Enter" to skip to content

Во Битола 92 нови позитивни на ковид-19, оздравени 122, активни 1.619 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 5.604 тестови, а регистрирани се 1.424 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 92. 

Регистрирани сe 1.083 оздравени пациенти од Битола се 122.

До сега во Битола има 12.007 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.619 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица, нема од Битола. Од вкупниот број на починати лица (n=20), три лица се целосно вакцинирани.

Во Битола направени се  211 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 103 и преку “Плодност“108 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.746.689 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 256.281, бројот на оздравени пациенти е 227.492, на починати е 8.218, а бројот на активни случаи изнесува 20.571.

More from ВестиMore posts in Вести »