Press "Enter" to skip to content

Големиот пожар во “Жито Битола“ е локализиран

На 23.01.2022 во 17.20 часот во СВР Битола било пријавено дека има пожар во фабрика за леб лоцирана во индустрискиот дел на Битола.

Веднаш се упатени екипи на територијалната противпожарна единица Битола и полициски службеници и се преземени мерки за гасење на пожарот. До сега нема пријава за повредени лица, а во моментот на избувнување на пожарот, малку по 17 часот, внатре имало двајца работници кои навреме излегле. Пожарот е локализиран и не е дозволено проширување на огнот на околните објекти, силосите со жито и магацините. Нема опасност за ширење, но пожарникарите ќе останат на терен. Ангажирани се сите 27 пожарникари од битолската единица, а на помош пристигна и против-пожарно возило на РЕК “Битола“.

More from ВестиMore posts in Вести »