Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: и пред 10 години Мане на -20 степени ги започна подготовките на ФК Пелистер (фото)

-Како што народот вели, историјата се повторува, а кога се зборува за спортот во Битола тоа во фудбалот многу пати се потврди. И овој пат во Битола се враќа Марјан Секуловски, кој како и пред 10 години, во 2012 ги започна подготовките на фудбалерите на Пелистер, на помошниот терен кај печатницата, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Пред 10 години, тренерот на Пелистер, Марјан Секуловски ги започна подготовките на Пелистер со една цел, да се вратат во Првата лига, а годинава, по десет години, Мане има нова мисија, да се обиде да го остави Пелистер прволигаш.Тогаш имаше силна екипа во борбата за пласман во Првата фудбалска лига, каде е му е местото на Пелистер, а сега со неколку засилувања ќе се обиде да останат прволигаши.И пред 10 години подготовките започнаа на минусни, сибирски, температури како и годинава, а ние да им посакаме да фубалерите кои и сега тренираат на минусни температури да ја остварат целта, за која и самите кажаа дека ќе биде многу тешко.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »