Press "Enter" to skip to content

Ски-центарот “Ниже поле“ тренди викенд место за битолчани (фотогалерија)

Овој викенд ски-центарот “Ниже Поле“ кој се наоѓа на 15 киломеѕри од Битола, и со кој стопанисува ЈП “Стрежево“ беше место каде голем број битолчани поминуваа на отворено.Прекрасната глетка на убавините на природата, снежни планински пејсажи на јануарското сонце со контраст сино небо, свежиот  воздух придонесоа да ги заборават секојдневните проблеми, вести со бројки на заболени од ковид, делта, омикрон, прележан ковид, изолација, пцр тестови, крвни слики…Оние кои сакаа да уживаат во убавините, да пешачат, скијаат, бордаат не ги поколебаа ни долгите колони возила, така да заради долги колони некои останаа да паркираа близу селото Ниже поле и од таму се упатуваа пешки до ски-центарот “Ниже поле“, а тоа беше добри пола сат и повеќе одење. А, според регистарските таблички покрај од Битола имаше скијали од Прилеп, Охрид, Ресен, Демие Хисар…Секако прекрасното време беше причина за добра атмосфера и расположение кај битолчани кои зависно од возраста секој на свој начин уживаше во планинските убавини, независно од колоните возила по патот, чекајќи ред за чај, кафе… ски лифт, клупа, маса.-Тргнавме од 9 часот наутро, но кога дојдовме не можеше да се најде клупа ни маса, ни кажа  Емилија Деспотовска која дојде со своето дете на санкање.Голем дел од оние кои дојдоа за да скијаат, бордаа и санкаа беа деца дојдени со своите родители кои ги користат последните денови од продолжениот зимскиот распуст, рекреативно на чист воздух.  Голем број нас  оние кои прележале  ковид на сонце и воздух после денови поминати дома во излолација.-Дојдов малку да испешачам и да уживам на сонце и воздух за да видам како се чувствувам и колку можам после прележан ковид. Но, гледам тука сите оние кои скијаат или бордаат сакаат да го искористат снегот кој паѓаше деновиве, заради тоа и оваа голема гужва, ни кажа Александар кој се одмараше на сонцето по кратката прошетка по белата снежна покривка.На ски-лифтот голема гужва, редица од скијачи кои трпеливо чекаа на својот ред. Така се чекаше и за чај, кафе, клупа или маса. Но, сите трпеливо без нервоза, можеби да не си го расипат убавиот ден.Довикување од сите страни и честитање на празници, скијање, санкање, и по некое паѓање. Секако неизбежното селфи и фотографирање.Целата атмосфера, гледајќи високо кон стазата од каде се спуштаа оние похрабрите кои скијаа, бордааа, потсетува на глетка од познатите скијачки центри. Сите оние кои дојдоа тука да уживаат во убавините на Ниже поле,  посакаа ски центарот “Ниже поле“ со вложување, проширување да стане врвен ски-центар како што заслужува со сите свои карактеристики кои ги поседува.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »