Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напади и пријава за исчезнато лице

На 24.01.2022 во СВР Битола, Т.Д. (50) од битолско село, пријавил дека додека бил на работното место како стражар во средно училиште во Битола, бил физички нападнат од страна на три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.01.2022 во СВР Битола 49-годишен маж од Битола пријави дека во Битола бил физички нападнат од страна на неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.01.2022 39-годишна жена од Битола пријави дека во нивниот дом во Битола била физички нападната од нејзиниот  сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.01.2022 во Полициско Одделение Новаци Б.С. (47) од Битола пријави дека неговиот татко Т.Д. (77) од сeлo Градешница се оддалечил од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

More from ВестиMore posts in Вести »