Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со пораз од Загреб ги заврши подготовките во Хрватска

ППД Загреб – Еурофарм Пелистер 31:26 (14:16)

Спортска сала “Трешњевка“ – Загреб
Судии: Хрвоје Чачиќ и Франо Јосиќ (Хрватска)

ППД Загреб: Леиметер 1, Граховац 1, Чавар 3, Д. Мандиќ 5, Фаљиќ, Кларица 3, Славиќ, Клиш 3, Краљевиќ 1, Муса 1, Сиротиќ, Матановиќ 5, Равниќ, Кавчиќ 6, М. Мандиќ, Обрановиќ 2

Еурофарм Пелистер: Секељи, Кизиќ, Ивановски, Ојлески 3, Кукуловски, Павле  Атанасијевиќ, Кузманоски 2, Танкоски 1, Периќ 2, Костески 3, Кукоски, Велковски, Божиќ Павлетиќ 5, Мараш 4, Граџан 1, Обрадовиќ 1, Табоада 4, Арсеновски

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола ги завршија подготовките во Хрватска и го одиграа последниот контролен натпревар во Загреб. Тие во третиот по ред контролен натпревар се поразени од екипата на ППД Загреб со резултат 31:26, полувреме 14:16.

“Пелистерци“ одиграа одлично прво и нешто послабо второ полувреме, а натпреварот беше сличен на ланскиот подготвителен натпревар.

Вечерва Еурофарм Пелистер се враќа во Битола и ќе го подготвува првиот пролетен натпревар во Суперлигата, против Охрид на 3 фебруари во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »