Press "Enter" to skip to content

Фото вест: роденденска снежна приказна на чист воздух на 1.500 метри надморска висина, во ски-центарот “Ниже поле“

Роденденските забави се посебно доживување за секое дете.  Роденденската забава за 4. роденден која ја организира малиот Филип во ски-центарот Ниже поле на снег, на околу 1.500 метри надморска визина, во амбиент опкружен со снежни пејсажи, ќе му остане долго во сеќавање на сите кои беа присутни денес и поканети и непоканети. Роденденската торта со скијач, го означи омилениот спорт на Филип.Неговите другарчиња и вљубеници на зимски спортови и планината имаа можност за безброј лудории на снегот на чист воздух лизгање, скијање, санкање… Со тоа и храната им беше повкусна.  Другите кои беа присутни и непоканети уживаа во убаво аранжираната маса со поглед кон планината и забавата.  Снежните падини на  и околу ски-центарот “Ниже поле“ се идеални за фотографирање и добри фотографиии, а славеникот и гостите го искористија тоа. Честитки за роденденот на Филип и ја поздравуваме и идејата на родителите за оригинален начин на организирана забава и Филип да го прослави роденденот  на отворено, во период на пандемија. Оваа е само една од можностите за организирање на роденденска забава  која ќе биде поттик за други родители кои со други оригинални идеи ќе им приредат интересни роденденски забави  на отворено на своите деца.  

Жанета Ристевска 

More from БитолаMore posts in Битола »