Press "Enter" to skip to content

И по секојдневни контроли, повторно синоќа полицијата “фати“ 15 пијани возачи, направени и други прекршоци

На 29/30.01.22 во периодот од 22.00 до 03.00 часот полициски службеници од СВР Битола на подрачјето на СВР Битола, ПС Ресен и ПС Македонски Брод спроведоа акциска контрола за управување возило под дејство на алкохол. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се 15 прекршоци.
 
Притоа, најголемиот број од нив се на подрачјето на Битола – 10,  на подрачјето на Ресен – 4 и  една на подрачјето на Македонски Брод. За време на контролата биле санкционирани и 24 останати прекршоци.
 
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
More from ВестиMore posts in Вести »