Press "Enter" to skip to content

Сончевата патека по “Стрежевскиот канал“, над Битола, идеална за зимска рекреација (фотогалерија)

Бројни се рекреативните и пешачките патеки над Битола, “низ Пелистер“, оние полесните, до Копанки, до Црвени Стени, до Камењарот, до Голема Ливада…Но, кога се зборува за рекреативна патека посебно во зимски услови, за битолчани над Битола, во под Пелистерието најпопуларна патека наречена “По каналот“, а тоа е патот кој се движи паралелно со “Стрежевскиот канал“ кој ги прибира водите од Пелистер и ги “носи“ во акумулацијата, Стрежевско езеро.Оваа патека е долга во подпелистерието повеќе од 20-тина километри, а ние ќе ви доловиве преку текст и фотографии од Смолево, па се до собирниот канал кај село Ореово, а се во должина од 10-тина километри.-Според мене, а и според многу битолчани оваа патека “По каналот“ е најпопуларна во овој период на зима, бидејќи скоро целата патека, додека се движите е на сонце, како сега е модерно да се каже, се “собира“ “Д“ витамин. Кога се поминува патеката погледот кон Битола и околината е преубав, без разлика на кој дел сте, а фотографиите кои ќе ги направите ќе бидат убав спомен, вели Драган Ристевски, искусен планинар од Битола, со кој и ја поминавме вчера оваа патека, “По каналот“.Ова патека се наоѓа на надморска висина од нешто повеќе од 900 метри, а за да е дојде до неа се совладува солидна надморска височина од 300 метри, што е идеално за кардио вежби. Оној кој сака може да продолжи кон Неолица од неколку точки, од над Смолево или од кај собирниот канал на “Стрежево“ или ако продолжи до село Ореово. Секако може да продолжи и кон Брусник и Лавци. Погледот кога се движите по каналот во допира до врвовите Кајмакчан и С0лунска Глава, до манастирот Трескавец, до РЕК “Битола“ до Леринско поле, по цела Пелагонија…, а ја имате Битола на дланка.Посебно се убави мразулците кои се високи и до метри кои ги извајала природата помогната од водата и студот.-Јас го сакам Пелистер во лето и во зима. На Пелистер сум 50 години, сум го поминал секој метар. Пред некој ден скијав на патеката Бегова Чешма – Копанки, но која зборувам со пријатели на сите им ја препорачувам оваа патека, бидејќи се движиме по сончева страна, а кога пешачите од на Лазо Вилата до Копанки и до Молика цело време сте во сенка и по можеби десетина степени пониски температури. Има голем број на рекреативци тука но се надевам дека до Смолеви и над по каналот ќе биде омилена патека.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »