Press "Enter" to skip to content

Во Битола 123 нови позитивни, починати 3 лица, активни 988 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.779 тестови, а регистрирани се 2000 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 123.

Регистрирани сe 806 оздравени пациенти.

До сега во Битола има 12.926 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 988 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 23 починати лица, три починати лица од Битола  на возраст од 71, 73 и 90 години починати во болнички услови.

Во Битола се направени се 198 ковид тестови, преку ЦЈЗ Битола 111 и преку “Плодност“ 87.

Досега во земјата се направени вкупно 1.794.030 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 270.897, бројот на оздравени пациенти е 247.670, на починати е 8.444, а бројот на активни случаи изнесува 14.783.

More from ВестиMore posts in Вести »