На 31.01.2022 во СВР Битола, 44-годишен жител на Битола пријавил дека бил измамен од лице од Битола.
Според пријавеното, тие пред една година се договориле пријавениот да му изврши лимарски работи за цена од 1.800 евра.
Како што е пријавено, веднаш потоа, според договорот, тој му дал 60.000 денари капар, но до сега тој не ја завршил договорената работа.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.