Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.986 тестови, а регистрирани се 1.493 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 90.
Регистрирани сe 2.652 оздравени пациенти од Битола се 184.
Досега во има Битола 13.199 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 964 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 31 починато лице, две починати лица се од Битола на возраст од 75 и 79 години.
Во Битола направени се 143 ковид тестови, преку ЦЈЗ Битола 93 и преку “Плодност“ 50.
Досега во земјата се направени вкупно 1.808.494 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 275.637, бројот на оздравени пациенти е 254.340, на починати е 8.533, а бројот на активни случаи изнесува 12.764.