По повод 150 години од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело, делегација од Општина Битола, предводена од заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, придружуван од советниците Ѓорѓи Ѓорѓиевски и Петар Николовски, положи свежо цвеќе пред Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола. Спомен музејот, говори за големото значење на Гоце Делчев, како и за времето кое овој револуционер го поминал во Битола во 1901 година, осветлувајќи ја борбата за национално и социјално ослободување, притоа, засилувајќи го револуционерното движење и револуционерниот дух помеѓу масите во округот.Делегација на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, предводена од Претседателот Пеце Милевски и членот на ИК и пратеник од Битола д-р Олга Лозановска, УМС, УЖ и ветерани денеска одбележуваме 150 години од раѓањето на големиот македонски деец Гоце Делчев.
-Можам да кажам дека целото ова одбележување на раѓањето на македонскиот син, кое треба да биде голем празник во државата и во сите градови, во сите населени места, се чувствува некако како усрамено, од страна на централните власти, но нашата обврска е како почитувачи на ликот и делото секогаш тоа достојно го правиме, во рамките на нашите можности. Се надеваме дека ќе дојде време кога луѓето сите заедно храбро ќе застанеме и исправиме пред она што ни го оставил како наследство, Македонска независна држава, почитувана и државата, но почитуван и неговиот лик и дело, изјави претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски.
По повод 150 годишнината од раѓањето на Македонскиот револуционер и национален херој, Гоце Делчев, ЛО Левица – Битола положи свежо цвеќе пред спомен музејот на Гоце Делчев.
-Во ноември 1901 година, Гоце Делчев престојувал во Битола. На раководителите од Битола и битолско, исцрпно им ја осветлил борбата за национално и социјално ослободување, како и против врховизмот. Со тоа придонел да се засили револуционерното движење и револуционерниот дух помеѓу масите во округот, рекоа од Левица.

Делегации на Општина Битола, ВМРО-ДПМНЕ и Левица положија цвеќе пред спомен куќата на Гоце Делчев
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес на “Бит фест“, претставата “Кротење на фуријата“ на “Битола Шекспир фестивал“
- ЈКП “Водовод“ Битола: поради дефект со прекинато водоснабдување во населбата “Недопирливи“
- Музиката на Клод Болинг синоќа во Офицерски дом во Битола (фотогалерија)
- Во Битола сончево и топло со мала до умерена локална облачност
- Ротари клубот Битола Широк Сокак потпиша меморандум за соработка со Библиотеката