Press "Enter" to skip to content

Назначени нови директори во ОУ “Даме Груев“ и ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг

Од Општина Битола известуваат дека денес се назначени две нови директорки на ОУ “Даме Груев“ и јавното претријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг.

За в.д директор на ОУ Даме Груев, назначена е Биљана Дамчевска Бакиевска, дипломиран учител вработена во училиштето. Дамчевска Бакиевска, доаѓа на местото на досегашниот директор Роза Јовановска.

За вршител на должноста директор на ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг Битола, именувана е Марија Зарова Силјановска, дипломиран инженер архитект со долгогодишно искуство, која доаѓа на местото на Љубо Атанасовски.

More from ВестиMore posts in Вести »