Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 24 годишник крадел во цркви, манастир и училиште, полицијата го фати, ќе ги врати работите и ќе добие кривична

На 03.02.2022 од страна на полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет – Одделение за криминалистичка полиција при СВР Битола по преземени мерки и активности откриен е сторителот на четири тешки кражби на подрачјето на Битола, 24 годишник од Битола.

Три од нив биле извршени во цркви и манастири во изминатиот период, а една тешка кражба е сторена во средно општинско училиште.

Осомничениот бил повикан во полициска станица, со него бил извршен службен разговор, при што тој ги признал кривичните дела.

Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците, а по документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »