Press "Enter" to skip to content

“Супермен” на Виктор Апостоловски руши рекорди во слушање и “youtube“ прегледи (видео+линк за гласање)

Интересен феномен се случува во овој предевровизиски период, барем кога е во прашање Виктор Апостоловски. Негoвата “Супермен” освен што руши рекорди во слушање и youtube прегледи, изгледа се заканува да ја достигне популарноста на  “Gangnam Style”. 

Се чини сите за неа имаат своја кореографија, барем така изгледа од сите оние видеа кои се постираат по социјалните мрежи.

Дали “Супермен” со својот ритам ќе ја зарази и Евровизија, ќе кажат до вечерва во 20 часот сите оние кои гласаат на линкот

Избор за претставник на Евровизија 2022 Северна Македонија (mrt.com.mk)

Сепак, едно е сигурно, оваа песна на Виктор Апостоловски, потпишана од Владимир Дојчиновски-Дојчин веќе е голем хит и ќе останува забележана како нешто сосема различно од она што досега сме го гледале како наш, македонски кандидат за Евровизија.