Press "Enter" to skip to content

Битолскиот тим победи на првиот “Пелагониски Москони“ куп во билијард (фото)

По примерот на Москони Купот кој се игра два пати годишно, а на кој се среќаваат екипите на Европа и Америка во “Амерички Пул Билјард“ така и екипите на Битола и Прилеп си направија свој “Пелагониски Москони“ куп кој по вторпат се одржува,а е по иницијатива на

Големиот вљубеник во оваа прекрасна игра, Горан Думевски Панчо и се одржа во неговиот клуб “Петчи и Панчо“ во Битола, кој ни рече:

-Овие турнири се од забавен карактер каде што е дозволена погласна музика и да не речам, фудбалска атмосфера од страна на публиката но и тоа како е нагласен натпреварувачкиот карактер и желбата да се победи традиционалниот противник на зелената чоја но големи пријатели во приватниот живот. Натпреварот помина во позитивна атмосфера, прекрасно дружење и смеа која го продолжува животот.

Битола која настапи во ослабен состав успеа да победи со 21 15. Екипите беа составени од по 7 играчи и тренерите Аце Крстески од Прилеп и Горан Думевски – Панчо на битолската екипа. Се играше дисциплина “9-ка“, а се играше наизменично сингл и дубл мечеви.

Победата битолчаните ја посветија на новородениот син Огнен, на нивниот колега од екипата, Илче Трајковски и неговата сопруга Мартина.

Сите учесници на турнирот сакаат на есен да се организира нов пелагониски “Москони куп“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »