Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.695 тестови, а регистрирани се 1.045 нови случаи на КОВИД-19, во Битола се 53.
Регистрирани сe 2.418 оздравени пациенти од Битола 288.
До сега во Битола има 13.317 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 783 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 25 починати лица, нема од Битола.
Досега во земјата се направени вкупно 1.818.882 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278.182, бројот на оздравени пациенти е 257.280, на починати е 8.578, а бројот на активни случаи изнесува 12.324.