Press "Enter" to skip to content

Денес “Сите беа на Пелистер“ и кафе-шема наместо во Битола на Копанки и Бегова (мега фотогалерија)

Денес, недела, последен ден од викендот голем број битолчани го искористија да го поминат на сонце, чист планински воздух на ски-патеката “Копанки, која се наоѓа на помалку од 20 километри од Битола. “Сончевата тераса“ на платформата на Бегова чешма, а на Копанки пред “Hot Box“ денес беа идеални места за битолска кафе-шема и забава како и замена за кафулињата на Широк Сокак од Битола на планина, на Пелистер. DJ Chiko се погрижи за атмосферата на сончевата платформа на Бегова Чешма, а на Копанки пред “Hot Box“ за музиката се погрижи DJ Boc.а.Гостите, љубителите на планината покрај скијањето на ски-патеката “Копанки“ имаа прилика да се забавуваат и да поминат прекрасен ден на сонце и чист воздух, а сите уживаа на различни начини и она што им го понудија организаторите хотелот “Молика“, “Стикери“ и “Hot Box“ под слоганот “Оваа недела сите на Пелистер!“.На Сончевата тераса на платформата на Бегова чешма и пред “Hot Box“ на Копанки сите “џускаа“ на ритамот од музиката на Ди-џеите, а на ски стазата скијачите и бордерите се спуштаа храбро следени од погледи наоколу кои им се воодушевуваа на „спуст“, „слалом“ или „скок“ и други техники на скијачите и бордерите. Најмалите, децата  можеа настрана на големата удолнина да се лизгаат, санкаат или настрана прават снешковци, на безбедно.За идејата на организирање на настанот  под овој слоган, но и други оваа зимска сезона поразговаравме со Никола Каревски директор на хотел “Молика“ кој рече:-И овој викенд повторно интересни забава под слоган “Оваа недела сите на Пелистер!“ на нашата „Сончева тераса“ и пред “Hot Box“ за сите оние вљубеници во зимски спортови и планината. Журка на зимско сонце и чист воздух со ди-џеи. Имено оваа зимска сезона хотел “Молика3 им излезе во пресрет на барањата на спортските ентузијасти, спортските здруженија, вљубеници на планина и зимските спортови кои доаѓаат тука. Сезоната ја започнавме на 15 декември кога започнаа со работа жичарата и ски-центарот “Копанки“,  а отварањето на  Сончевата тераса беше на  25 декември. Од тогаш секој викенд има голем број посетители кои уживаат тука во голем број  настани кои се организираат. Со организирањето на вакви настани цело време докажавме дека ски-центарот “Копанки“ и хотел “Молика“ имаа можности да бидат познат туристички центар места каде вљубениците на планината од Битола и други градови  уживаат на сонце во чистиот планинсикипт воздух и погледот кон убавините наоколу и се што им се нуди тука.  Сите кои дојдоа денес можат да уживаат во чистиот планинкси воздух,  да се забавуваат со можностите кои ги нуди планината и овој ски центар, скијање, бордање, санкање, пешачење…-И денешниот ден од викендот е преполно со сите кои уживаат во кафе, чај на планина. Тука на шанкот на Сончевата тераса ги нудиме сите топли напитоци, храна, закуски, чоколада, крофни… Продолжуваме и наредниот викенд со нови изненедувања, наградни игри и сл додава Каревски.Иван Чулаковски е дел од организацијата на овој настан, кој на “Копанки“ ни рече:-Гледаме како другите скијачки центри како попова Шапка кои се под ЕЛЕМ турс на пример брзо се развиваат, нова жичара, ноќни скијања, секоја вечер забави… затоа на наша иницијатива и заложба заедно со Марјан и Елена Талевски и нивниот “Хот Бокс“ седнавме најдругарски на маса со директорот на хотел “Молика“ и му ја кажавме идејата за која се  заложив и еве гледата дека да се направи нешто. Наша залажба ски-центарот “Копанки“ да го добие она што го заслужува, а тоа е да стане познат зимско-летен туристички центар со понуда и организирани настани кои ќе  привлечат поголем број туристи. Ни излегоа во пресрет и еве веќе се започна со овие настани, а продолжуваме и понатаму. Следниот викенд нови изненадувања за сите вљубеници на планината и зимските спортови.

Колку е добра идејата и нејзината реализација говори и тоа што тука од страна на љубители и редовни посетители на Пелистер, Сања и Игор, беше организиран и првиот роденден на нивниот син Петар.Нашите зборови,  позитивната атмосфера денес нема да можат на вистински начин да ја доловат, а затоа низ фотографиите кои ги направивме на идеални места под сончевите зраци на зимското сонце и голем број насмеани лица многу повеќе ќе ја почуствувате вистинскта енергија која се ширеше „денес кога беа сите на Пелистер“

 Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »