Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Гордана Цветковска – Бошевска, спортист на Битола за 2011 година (фотогалерија)

-Тие години, неколку по ред, а и во 2011 година за спортист на Битола беше избрана Гордана Цветковска – Бошевска, за најдобра екипа е прогласена екипата на РК Пелистер, а специјални награди за тројцата битолчани кои водат национални селекции, Звонко Шундовски, Кире Грбевски и Тони Бошевски, како и 17 надежни спортисти, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското спортско новинарство.

-Изборот беше во организација на Сојузот на спортови на Битола, а тоа беше традиционалниот 48. по ред избор на спортист на Битола, а таа годината битолските екипи немаа некој позабележителен успех, но затоа во поединечна конкуренција постигнувањата беа добри, вели Миновски.-Во 2011 година имаше наградени голем број млади спортисти, кои допрва треба да се докажуваат, а некои од нив веќе се докажани и носители се на ова признание во сениорска конкуренција.Гордана Цветковска-Бошевска беше по четврт пат спортист на Битола во својата најуспешна година во кариерата, го освои сребрениот медал на Светското првенство во Скопје. Таа беше избрана за најдобра во својот спорт и во годишниот избор на Кик-бокс федерацијата на Македонија.Наградени без и капитенот на РК Пелистер Игор Тоскоски и мото-крос возачот Борче Костов. РК Пелистер, беше најдобра сениорска екипа благодарение на меѓународните настапи во Купот на куповите на ЕХФ, а и поради успешната организација на завршницата од Ракометниот куп што се одржа во Битола.Посебни признанија добија  ЖФК Топ гол, мото-клубот Мото старс.

Специјални награди Сојузот на спортови на Битола им додели на Звонко Шундовски (селектор на Македонската ракометна репрезентација), Кире Грбевски (селектор на Женската младинска фудбалска репрезентација) и Тони Бошевски (селектор на Македонската кик-бокс репрезентација).Специјално признание доби и Оливера Накова-Биковска, најдобар спортист со инвалидитет, учесник на Параолимпијадата во Лондон во 2012 година.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »