Press "Enter" to skip to content

Прва победа на кошаркарите на Пелистер во четвртиот “балон“ во Бања Лука

Пелистер – Младост Земун 99:83

Во Бања Лука стартуваше четвртиот „балон“ во АБА 2 лигата. Кошаркарите на Пелистер. Повеќе од задоволувачки почеток имаа „пелистерци“ на првиот од трите предвидени натпревари кои треба да ги одиграат на теренот во спортската сала во Бања Лука.

Во свој стил, ефикасно, ги одработија првите десет минути во кои реализираа дури 31. поен. Примија многу помалку, само 18, и се стекнаа со повеќе од солидна предност која до крајот на полувремто дури и ја зголемија.

На одморот „зелено-белите“ водеа со (55:36), што беше најава дек „тука некаде“ е и вториот триумф во сеоната во оваа регионална конкуренција. А Игор Кесар со 24 реализации (18 во првата четвртина) потврди дека е еден од најдобрите, но и најстандарден играч во изборот на тренерот Марјан Илиевски и во оваа сезона.  

Во продолжението на играта, еден од фаворитте за висок пласман, успеа да симне дел од таа висока негатива. Застанаа малку битолчани, пред сè во нападот, па Младост Земун здивна, и намали на (60:74), пред стартот на финалната четвртина од играта. На почетокот од тој дел од играта Пелистер направи мини серија од (9-4) со што уште повеќе се одалечи од противникот. Имаше високи (83:64).

Кесар доби одлична поентерска „логистика“ која ја сочинуваа малешевиќ, Хаутон и новакот Николиќ, кои завршија со двоцифрен број на реализации.

Ова беше втората победа за Пелистер во осум одиграни кола од оваа регионална конкуреција. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »