Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер стартува во СЕХА лигата, Партизан непознат противник, Маџовски и Куковски оптимисти

Денес ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола денес, во 17,30 часот, започнуваат со настапите во СЕХА лигата, а во Белград, Србија каде синоќа го имаа официјалниот тренинг. Нивни прв противник е екипата на Партизан, која за прв пат настапува во оваа регионална лига, а екипата од Битола ја игра третата сезона. 

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, репрезентативното крило Бојан Маџовски верува дека битолчани спремни ја дочекуваат оваа епизода од регионалното натпреварување и вели:-Партизан за нас е непозната екипа, но добар тест за европските натпревари. Можам да кажам дека имаме добар ритам и на добар пат сме и целиме на полуфинале во СЕХА лигата годинава. 

И младиот бек Дејан Кукуловски го дели оптимизмот со Маџовски и колегите, и ни рече:-Партизан е непознат противник за нас. Сепак, наша цел е победа и добро се подготвуваме за овој натпревар. Добредојден ни е овој натпревар пред продолжувањето на Лига Европа. Можеме далеку да стигнеме оваа сезона во СЕХА лигата. Добро сме спремни и против секој ривал играме на победа. Се надевам дека ќе стигнеме до добар резултат сезонава“, вели младиот лев бек на пелистерци.

Битолчани во Србија патуваат со заздравените Маркоски и Кукоски, но без Мирко Радовиќ, кому му следат уште неколку дена рекуперација.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »