Press "Enter" to skip to content

Коњановски во “Цермат“: создававаме услови за нови проекти, нови инвестиции, нови работни места

Економскиот развој на општината е директно поврзан со условите кои ги создава локалната самоуправа од урбанистички и инфраструктурен аспект со цел создавање можности за нови инвестиции и отворање на нови работни места.

Поаѓајќи од ваквиот програмски приоритет, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски редовно остварува контакт и со бизнис секторот, со цел овозможување подобри услови за домашните инвеститори, но и привлекување на странски инвестиции во општината. Неопходноста од брзо спроведување на започнатите проекти, беше потврдена и при посетата на градоначалникот Коњановски на ДОО “Цермат“  Битола.

Директорот на фабриката, Зоран Ристевски, го информираше градоначалникот, дека веднаш по донесувањето на новиот ГУП, како и потребниот детален урбанистички план, ќе бидат создадени можности за реализација на новата инвестиција на овој домашен бизнисмен и изградба на нова фабрика за сладолед и замрзнати десерти. Инвестицијата во вредност од 14.350.000 евра, планирано е да се реализира во две фази, а во планирањето и изградбата ќе бидат вклучени европски експерти за екологија. Проектот на ДОО Цермат Битола за оваа инвестиција е одобрен и поддршан од Европската банка за обнова и развој, а неговото спроведување во делот на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина, предвидува изградба на пречистителна станица и своја енергетска постројка која ќе работи на природен гас. Емисијата на СО2 ќе се намали со додатна инвестиција во фотоволтаици од 2,5 мегават часа.

Токму во оваа насока, новиот генерален урбанистички план на општина Битола, согласно законската регулатива ќе овозможи делување според реалните потреби на градот од аспект на планирање на намени на површини, сообраќајна и друга инфраструктура, планирање на мерки за заштита на природното наследство и животната средина, заштита на природата, озеленување на населбите и други мерки за остварување на целите на планирањето. На овој начин, ќе се елиминираат долгогодишните маки на инвеститорите, кои и покрај финансиската и проектната подготвеност, неможат да ги реализираат своите инвестиции.

More from ВестиMore posts in Вести »