Денес, среда, 9 февруар, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде умерено до значително облачно. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. До крајот на денот облачноста ќе се намали. Температурата во Битола до 8 степени.
Утре, четврток, 10 февруар, во Битола, времето ќе биде сончево и потопло со мала облачност. Температурата во Битола до 10 степени.