Press "Enter" to skip to content

Во Битола 59 нови позитивни, оздравени 100, починати 2 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.153 тестови, а регистрирани се 1.554 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 59.

Регистрирани сe 1.843 оздравени пациенти од Битола се 100.

До сега во Битола има 13.472 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 584 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица, две починати лица од Битола на возраст од 54 и 80 години, починати во болнички услови.

Направени во Битола се 134 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 90 и преку “Плодност“ 44.

Досега во земјата се направени вкупно 1.830.764 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 282.147, бројот на оздравени пациенти е 261.741, на починати е 8.658, а бројот на активни случаи изнесува 11.748.

More from ВестиMore posts in Вести »