Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер потешко од очекувања до победа против Бутел во Скопје

Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 21:23 (15:13)

Спортска сала – Бутел Гледачи: 500

Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев

Бутел Скопје: Чаневски, Андревски, Младеновски, Стојановски, Ѓеоргиевски 2, Митев 2, Б. Спасовски, Мојсоски 5, Бо, Спасовски, Блажески, Јевтиќ 3, Василевски, Цветковски, Мајиќ 4, Тот 3, Давитковски 2

Еурофарм Пелистер: Секељи, Кизиќ, Мараш 1, Ојлески 1, Маџовски 1, Кукуловски, Мандалиниќ 2, Танкоски 1, Периќ 7, Костески, Кукоски, Велковски, Божиќ Павлетиќ 1, Граџан 2, Обрадовиќ 2, Табоада 5

Патувањето од Битола до Белград, натпреварот против Партизан оставија трага кај ракометарите на Еурофарм Пелистер, кој на денешниот натпревар во Скопје со повеќе напор од очекуваното  успеа да го победи Бутел со резултат 21:23, полувреме 15:13.

Екипата на Бутел на почетокот на натпреварот добро започна и даде на знаење дека нема лесно да му биде на екипата од Битола. Се играше претежно гол за гол, а Бутел поведе со 9:7, а имаа и највисоки +3 (12:9), а на одмор се замина со +2 (15:13) за домаќинот.

Во вториот дел домашните продолжија во исто темпо и дојдоа до 17:14. Пелистер дојде до изедначување на 17:17, а на десет минути пред финишот Бутел имаше 20:18. Во 55. минута Еурофарм Пелистер израмни 20:20. Ојлески донесе позитива  20:21, а Бутел потоа изедначи на 21:21. Периќ  погоди за 21:22, а Граџан го реши натпреварот 21:23.

Најефикасни кај битолчани Периќ кој постигна 7 гола и Табоада со 5.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »