Press "Enter" to skip to content

По победата над Струга плеј-офот поблиску за Еурофарм Пелистер 2 (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Струга 32:26 (12:11)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола, Гледачи: 700
Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски

Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски, Ристевски, Кузманоски 7, Буторац 1, Пав. Атанасијевиќ 6, В. Димитровски, Митревски 2, Мирчевски, Петровиќ 5, Димитриоски  2, Талевски, Пет. Атанасијевиќ 4, Ѓорговски 3, Белистојановски 2, Блажевски, Арсеновски
Седмерци: 5/4, Исклучувања: 14 минути

Струга: Тутенкоски 1, Јанковски 2, Маркоски 4, Савески 2, Раткушиноски, Блажески 2, Ѓорѓиевски 3, Јанкуловски 3, Ферукоски, Бунчески, Стојаноски, Стрезоски, Бајрактаревиќ, Кастратовиќ 2, Костоски 5, Цветаноски 2
Седмерци: 6/4, Исклучувања: 8 минутиВо 19. коло од Суперлига, ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во Битола ја совлада Струга со 32:26, полувреме 12:11, и со новите бодови, оправдано можат да сметаат на пласман во плеј-офот.Натпреварот започна изедначено, а по одлично организираната одрбана, седум минути не примија гол и дојда на +5. На средината на полувремето беше 7:5, “стружани“ израмнија во 26. минута 9:9. Еурофарм Пелистер во финишот на полуврмето дојде до 12:11, по што следуваше паузата.Во второто полувеме по двојното исклучување кај битолчани Струга израмни на 16:16. Потоа предноста повторно беше е гола за “пелистерци“. Во 48. минута имаа +5 (24:19), а потоа и +7, а следуваа конечни 32:26.Кај Еурофарм Пелистер ги немаше во тимот Ѓукиќ, Стоилевски и Иван Димитровски, а на паркетот се врати Ѓорговски.Кај Еурофарм Пелистер најефикасни беа Кузманоски со 7, Павле Атанасијевиќ со 6 и Петровиќ со 5 погодоци.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »