Во организација на “Сумнал“ од Битола се одржа “он-лајн“ предавање на тема „Ризикот од рак на дебело црево во современото живеење“. Предавач беше специјалистот по општа хирургија д-р Стефан Талев. Ракот на дебелото црево е болест на индустриски развиениот западен свет.Високиот социо-економски стандард, како и типичниот западен стил на живеење, исхрана, животни навики и активности, се причините за се поголемата честота на јавување на ракот на дебелото црево која поприма епидемиски размери. Секој може да развие полип или карцином на дебелото црево, но некои имаат повисок степен на ризик од другите. Тоа зависи од наследните и од индивидуалните фактори.
Предавањето беше организирано како дел од активностите во врска со проектот „Грижа за здравјето на Ромите 2“ кој „Сумнал“ го спроведува од септември 2020 година заедно со Општина Битола. Проектот е финансиран од Еразмус + програмата, а го координира германската организација Југендстил. Партнери во реализацијата на денешната работилница беа и Ротари клубот Битола Широк Сокак.

“Сумнал“ одржа “он-лајн“ предавање “Ризикот од рак на дебело црево во современото живеење“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола ставена во функција нова сензорна соба – прва од ваков тип (фотогалерија)
- Ана Котевска која го освои врвот Чимборазо на Андите на средба со Коњановски
- СВР Битола: физички напад врз љубовница, ограбена златарница, малолетник обљубил малолетничка
- Општина Битола и ФК Пелистер постигнаа договор за соработка со ФК Бенфика од Португалија
- Во Битола 12 нови позитивни на ковид-19, оздравени 6, активни 49 случаи