Press "Enter" to skip to content

Хитовите на Френк Синатра на концерт во Битола

“LOVE O’CLOCK – Fly me to the Moon“ е насловот на концертот што ќе го одржат вокалистката Јасна Димитровска заедно со Битолскиот дувачки оркестар на 12 февруари (сабота) во 20 часот во Центарот за култура во Битола.

На репертоарот на концертот ќе бидат најголемите хитови на безвремениот Френк Синатра.

Влезниците по цена од 250 денари може да се набават на билетарницата на Центарот за култура.

Организаторите најавуваат изненадувања за публиката, а концертот е поддржан од “SWATCH Bozinovski watches & jewelry“, “Стопанска банка“ а.д. Битола и “IW Connect“.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »