Press "Enter" to skip to content

Чукунва од Нигерија потшиша за Пелистер, ново засилување пред стартот на пролетниот дел

Екипата на Пелистер од Битола го промовира и шестото засилување за пролетниот дел на сезоната Првата фудбалска лига, а тоа е Нигериецот Удова Келвин Чукумва, кој беше на проба во Битола во изминатиот период, а на контролната средба постигна два гола.

Чукумва веќе го потпиша договорот со Пелистер и ќе биде дел од тимот на Секуловски, кој ќе се бори во најтешката битка, опстанок која е и повеќе од тешка. 

“Пелистерци“ претходно потпишаа со Поповски, Али, Љамчевски, Стефановски и Торневски.

Викендов започнува пролетниот дел, а во Битола, под Тумбкафе, на стадионот “Петар Милошевски“ во 14:00 часот, гостува екипата на Работнички, а тоа ќе биде прва контрола на квалитетот на овој Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »