Press "Enter" to skip to content

Во работилницата на Библиотеката средношколците од “Таки Даскало“ изработија тефтерчиња со пораки за љубовта

Во месецот посветен на љубовта, НУУБ„Св. Климент Охридски“-Битола реализира работилница со учениците од СОУ„Таки Даскалот“-Битола од прва до четврта година од графичката струка, сите профили.

Тие уживаа во изборот на мислите за љубовта, кои потоа компјутерски ги поставивме на картончиња во боја. Во вториот дел од работилницата, заедно со библиотекар од нашата Библиотека преминаа кон изработката на тефтерчиња.

Процесот на изработка на тефтерче и не е така едноставен. Неколку групи од ученици имаа поделени задачи. Едни сечеа, други ги продолжуваа со шиење со жица низ превојот со рачна кламерица (хефт-машина), а други ученици ја завршија постапката на тој начин што секое тефтерче беше обрежано на нож за сечење што го имаат во графичкиот кабинет.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »