Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: акциска контрола за откривање на прекршоци кои ги чинат пешаците, санкционирани 36 лица

Денеска (10.02.2022) во периодот од 10.00 до 14.00 часот полициски службеници на СВР Битола спровеле акциска контрола за откривање на прекршоци кои ги чинат пешаците.

При контролата преземени се 36 мерки по акциската контрола, а на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот и во наредниот период.

Апелираме до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците, исто така, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

More from ВестиMore posts in Вести »