Болницата “Плодност“ – специјалистичка гинеколошко-акушерска приватна болница, соопшти дека можат да се пофалат со рекорд во нашето одделение по неонатологија.
-Ден за паметење во болница “Плодност“. Вчера за 12 часа на одделот по неонатологија се родија 16 новороденчиња што за нас е нов рекорд со кој успешно ја започнуваме 2022 година. На среќните родители им посакуваме многу радост и среќа! Ви благодариме на довербата, соопшти тимот на болницата “Плодност“.