Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: шестмина битолчани извршиле “осигурителна измама“ за автомобили, заработија кривична за “соизвршителство“

СВР Битола поднесе кривична пријава против шест лица од Битола на возраст од 34, 27, 33, 24, 42 и 42 години поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено  кривично дело „осигурителна измама“, во врска со кривично дело „соизвршителство“.

Во периодот од 2017 до 2020 година пријавените, со различни осигурителни друштва, склучувале договори за штети причинети на трети лица (автомобилска одговорност) на луксузни патнички возила, при што со посебна доплата на премија за осигурување дополнително ги осигурувале и стаклата на возилата, со што ги довеле во заблуда осигурителните компании.

На тој начин пријавиле штети за собраќајни незгоди за исти возила само со променети сопственици, при што причиниле материјалната штета на осигурителните компании во вкупен износ од 1.875.068 денари.

More from ВестиMore posts in Вести »