На иницијатива на Здружението на дијабетичари на општина Битола, Градоначалникот Тони Коњановски, денес одржа работен состанок со претставници од ова здужение, претставници на компанијата “Ново Нордиск“ од Скопје, фармацевти и доктори. На средбата, на која присуствуваше и пратеничката д-р Олга Лозановска, беше образложена иницијативата, општина Битола да биде првата општина каде ќе се спроведува програмата за повраток на инсулинските пенкала, како начин за повраток и менаџирање на инсулинскиот отпад.-Загадувањето на животната средина е резултат на човечката активност во воздухот, водата или почвата, кое штетно влијае на животот и здравјето на луѓето. Лицата кои живеат во состојба на дијабетес и се корисници на инсулин, користат пластичен производ за еднократна употреба и тој е постојан нивни придружник, кој живот значи, а инсулинските пенкала завршуваат во општиот отпад во домаќинствата, што секако не треба да биде трајно решение. Со реализацијата на овој предлог ќе се постигне заштита на животната средина, а инсулинските пенкала ќе доживеат втор живот во областа на индустријата во облик на различни производи, беше нагласено од страна на претставниците на здружението и компанијата на денешниот состанок.

Дијабетичарите побараа повраток на инсулинските пенкала и менаџирање на инсулинскиот отпад
More from ВестиMore posts in Вести »
- Акцијашите од МРА “Пат на младоста 1982“ денес во Битола се потсетија и ги оживеја спомените стари 50 години (фотогалерија)
- Вечер во Битола стартува 8 издание на “Битола Шекспир фестивал“
- Блаже Докуле со самостојната изложба во Куќата на Робевци во Охрид “50 години творештво- половина век современа карикатура“ (фото)
- Одлични пласмани и лични рекорди на младинците од Олимп на националното младинско првенство
- Кампања во Битола за зголемување на бројот на згрижувачки семејства (фотогалерија)