Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер 2 32:30 (19:11)
Спортска сала „Јане Сандански“ – Скопје, гледачи: 200
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Вардар 1961: Томовски, Ристовски 1, Стоилов 2, О. Њокас 4, Валчак 2, Моралес 4, Георгиевски, Карапалевски 1, Савревски 1, Тото 2, Талески 3, Дибиров 7, Крстевски, Ѓукиќ 2. Атанасовски, Ќосевски 3
Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски, Ристевски, Буторац 3, Пав. Атанасијевиќ 2, В. Димитровски, Мирчевски, Митревски 1, Петровиќ 4, Талевски 1, Пет. Атанасијевиќ 2, Ѓорговски 1, Белистојановски, Ѓукиќ 1, Блажевски 1, Арсеновски 4
Битолскиот ракометен суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 е поразен од Вардар во салата “Јане Сандански“ во Скопје, со резултат 32:20, полувреме 19:11.
За разлика од претходниот дуел во Битола, кога “вардарци“ го забележаа единствениот пораз во Супер лигата, Вардар водеше од почетокот до крајот и заслужено победи.
Еурофарм Пелистер 2 беше рамноправен противник за десетина мунути со 4:2, а потоа за брзо беше 9:3, а потоа се беше како и се очекуваше, а до полувремето имаше висока разлика од 19:11. Во второто полувреме од мечот “вардарци“ поведоа двоцифрено со 22:12, а разликата до финишот достигна дванаесет гола.
Кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасен Павле Петровиќ и Арсеновски со 4 постигнати гола.