Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: перикардитис

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за примена на ехото во дијагностицирање на перикардитис, за што вели:

-Перикардот или срцевата обвивка се состои од висцерален и париетален лист помеѓу има перикардијална течност до 50 мл ултрафилтрат на плазма со фосфолипиди која го спречува триењето на перикардијалните листови. Перикардот има повеќе функции фиксирачка, заштитна од ширење на инфекции и малигнитет кон срцето, ја ограничува акутната дилатација на срцето и го минимизира ефектот на гравитација врз циркулацијата во  срцето.Причини за настанување на воспалување на перикардот или перикардитис можи да бидат реуматска треска, васкулитиси, бактерии, вируси, микседем, тумори уремија итн.             Клинички болка во гради остра прекордијална, засилвачка при лежење на грб и инспириум, па се до слабост ладна пот, бледост и шокова состојба со пад на артериски притисок, венска хипертензија, тахикардии кај масивни изливи во перикардот или срцева тампонада (танцувачки срце).

Екг има конвексна СТ сегмент елевација со инвертни Т бранови најчесто во стандардните одводи D1-D3. Рентген снимка може да покажи зголемување на срцева силуета а на ехокардиографија се откриваат и најмалите перикардијални изливи како и задебелување на перикардот во услови на констриктивен перикардитис и присуство на перикардијални триење на аускултација.

Лечењето треба да е етиолошки или симптоматско со антиинфламаторни лекови аспирин, индометацин и поретко со кортико препарати, во случаи на масивни изливи и тампонада на срцето со перикардиоцентеза, во случај на констриктивен перикардитис хируршки.

ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“, а во ординацијата има и апарати за испитувања и на други органи како уво, око, грло, нос. 

Телефон за закажување и други информации: 075/32 64 18.