Press "Enter" to skip to content

Пелистер загуби и од Подгорица, Илиевски: изгубивме премногу топки, тој проблем мора да го решиме

Екипата на КК Пелистер загубија од Подгорица со резултат 79:67 во рамките на 10.  коло на АБА2 лигата, а тоа беше и осми пораз во регионалното натпреварување. Од четвртиот “балон“ во Бања Лука, во Битола се враќаат со една победа и два порази. Проблемите со повредите и болеста остави трага и екипата на Илиевски не успеа да го задржи континуитетот, а одново техничките грешки беа пресудни во нивната игра.

Тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски, по поразот од Подгорица рече:

-Многу рано влеговме во проблем со лични грешки. Секако имавме скратена ротација, па тоа ни ја смени тактичката замисла за натпреварот. Не сакам да зборувам за критериумите на судиите.  Можам да кажам дека параметрите на екипите се исти статистички, но ние се двоиме со загубените 17 топки кои повторно ги имавме. Тоа е наш проблем кој мора да го решиме. Ќе продолжиме понатаму да работиме и да играме најдобро што можеме.

Иако постои теоретска шанса, тешко веројатно е дека Пелистер ќе избори место во плеј-офот со две победи од првите десет кола. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »