Press "Enter" to skip to content

Средба на директорот на АНБ-Виктор Димовски и проректорот на УКЛО-Марјан Ѓуровски и

Директорот на Агенцијата за национална безбедност д-р Виктор Димовски и Проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ проф.д-р Марјан Ѓуровски професор на Факултетот за безбедност-Скопје остварија работна средба на која се разговараше за имплементација на Меморандум за соработка меѓу двете институции. Од двете страни беше истакната заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката во областа на едукацијата и обуката на кадри. 

Дел од најдобрите студенти од областа на безбедносните науки на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ и другите Универзитети се вработуваат во Агенцијата за национална безбедност, е заедничката констатација од средба меѓу директорот Димовски и проректорот Ѓуровски. Во изминатата година најмалку пет студенти со највисок постигнат просек на студирање од УКЛО беа вработени во Агенцијата за национална безбедност. Се планира во престојната 2022 година да продолжи вработувањето на најдобрите студенти од измината академска година од УКЛО, односно безбедносните науки врз основа на утврдената законска и безбедносна процедура. 

Проректорот Ѓуровски најави дека ќе достават листа на најдобрите студенти во изминатите две години со цел преку утврдената постапка на законска селекција  Агенцијата за национална безбедност да одлучи најмалку пет од нив да вработи во редовен работен однос. 

Воедно во престојониот период ќе се интензивира соработката од областа на заеднички интерес, како што се: практична настава за студентите, обуки, научноистражувачка и апликативна дејност, соработка при изработка на значајни стратегиски документи од областа на безбедноста, експертска помош, користење библиотечен фонд, организирање тркалезни маси, дебати, конференции и други заеднички настани. Меморандумот предвидува и соработка во областа на стипендирањето и доделувањето школарини, како и давање препораки за профилирање на професионален кадар од редовите на студентите на Универзитетот за потребите на Агенцијата.