“Fly me to the Moon“ беше насловот на концертот што синоќа се одржа во големата сала на Центарот за култура. Вокалистката Јасна Димитровска заедно со битолскиот дувачки оркестар со гостинот Нико Ѓоргиевски пред публиката исполнија седумнаесет композиции на големиот Френк Синатра.-Еден Оскар, 13 Греми награди, 58 снимени филмови и преку 250 милиони продадени плочи се нешто што можеше во само еден живот да го доживее Френк Синатра. Од неговата смрт поминаа 24 години, но неговата музика инспирирана од љубов, стана безвременска. Секоја година правам годишен концерт во зимските месеци и секогаш имало по некоја негова песна на мојот репертоар, но овој пат одлучив да направам целовечерен концерт со неговите љубовни рефрени, истакна Јасна Димитровска.
Пред неколку години, во Битола се возобнови Битолскиот дувачки оркестар кој на репертоар има од класици до современи композитори. Со него раководи Марјан Бакревски.
-Секој наш концерт е различен и во тоа е убавината да се живее музиката на сцената. На овој проект со Јасна работевме два месеци и резултатот синоќа беше евидентен, го прикажавме музичкиот живот на Синатра, на негов начин со лет до месечината, истакна Бакревски.

Битолчани ги слушаа хитовите на Синатра во “Fly me to the Moon“ концертот (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Акцијашите од МРА “Пат на младоста 1982“ денес во Битола се потсетија и ги оживеја спомените стари 50 години (фотогалерија)
- Вечер во Битола стартува 8 издание на “Битола Шекспир фестивал“
- Блаже Докуле со самостојната изложба во Куќата на Робевци во Охрид “50 години творештво- половина век современа карикатура“ (фото)
- Одлични пласмани и лични рекорди на младинците од Олимп на националното младинско првенство
- Кампања во Битола за зголемување на бројот на згрижувачки семејства (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Вечер во Битола стартува 8 издание на “Битола Шекспир фестивал“
- Блаже Докуле со самостојната изложба во Куќата на Робевци во Охрид “50 години творештво- половина век современа карикатура“ (фото)
- МКЦ Битола ја промовира книгата “Во дијалог…“ (фотогалерија)
- Утре стартува 8. издание на Шекспир фестивалот во Битола со “Макбет“ на театарот од Бјалисток, Полска
- Во рамките на меѓународна ликовна колонија “Де Ниро“ промоција на книгата Надвор од времето