Press "Enter" to skip to content

Во Битола 54 нови позитивни на ковид-19, оздравени 32, починати 2 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.338 тестови, а регистрирани се 920  нови случаи на КОВИД-19 од Битола се 54.

Регистрирани сe 1.190 оздравени пациенти од Битола се 32.

До сега во Битола има 13.728 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 519 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починато лице, две лица од Битола на возраст од 66 и 88 години починати во болнички услови.

Направени се во Битола 179 тестови преку ЦЈЗ Битола 124 и преку “Плодност“ 55.

Досега во земјата се направени вкупно 1.846.264 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 287.016, бројот на оздравени пациенти е 267.134, на починати е 8.747, а бројот на активни случаи изнесува 11.135.

More from ВестиMore posts in Вести »